Ова е веб-страницата на секретаријатот за меѓународна соработка на Партијата на радикалната левица (Partija radikalne levice) од Србија. Нашата партија се бори за општество на правда, еднаквост и солидарност; и против капитализмот, фашизмот и империјализмот. Нашата цел е да спроведеме радикална промена во општеството: уредување во кое човечкиот живот и достоинството ќе бидат поважни од профитот на крупниот капитал. За на сите нас што во Србија живееме од својот труд да ни се врати сигурноста, достоинството и контролата врз нашата судбина.
Секретар за меѓународна соработка е Марко Црнобрња (Marko Crnobrnja). За да стапите во контакт со Партијата, ве молиме обратете се кај секретарот на следната е-пошта (притиснете го копчето за да ја видите е-поштата).